Зошто BODYTEC и зошто во Mакедонија?
Сведоци сме една голема технолошка револуција која се повеќе зема замав во целокупното опкружување, и додека секојдневие ни стана да ја заклучуваме вратата преку мобилниот телефон, или пак да го вклучиме светлото, зошто тој начин на функционирање не го практикуваме и во светот на вежбањето. Како што и самата парола прашува дали сте спремни за иднината, BODYTEC e иднината во фитнес светот. Најпрво овој начин на одружување на мускулите бил наменет за космонаутите во НАСА. Поминувајќи долго време во вселената не се во можност да го одржуваат телото и немаат никаква мускулна активност, што по долг временски период станува голем проблем. Самата идеја е спроведување на ниска фреквенција на струја до самиот мускул, зацврстување на истиот и добивање на посакуван третман. Без разлика дали припаѓате на категоријата на оние кои сакаат да ја намалата својата тежина и да се ослободат од наталожените масти, дали сте професионален спортист што сака да добие подобри перформанси, или пак имате болки во грбот и половината идеално решени за вас е BODYTEC.
Идејата е овој регион да стане дел од елитата на држави кои го воведува овој начин на вежбање, сакаме Македонија да биде место од каде излегуваат професионални спортисти, каде има здрави и фит луѓе, и каде може да се пофали дека е во чекор со технологијата.